Следната година ќе бидат презентирани дури три верзии на Apple Watch

Објавено на 08.12.2021 во Смарт часовници



Следната година ќе бидат презентирани дури три верзии на Apple Watch

Apple го спрема наследникот на Watch 7, кој ќе донесе стандардни хардверски подобрувања и нови опции: термометар, мерач на шеќер во крвта и друго. 2022 година ќе имаме три модели на смартчасовници од Apple. Еден од нив ќе биде наследник на SE моделот, претставен во септември 2020 година. 

Дизајнот ќе биде помодерен кај новите модели, кој ќе биде поробустен и издржлив на удари, гребаници и падови, првенствено наменет за спортисти и авантуристи. Тим Кук во март ќе го претстави новиот модел на iPhone SE, така што не треба да се исклучи можноста истовремено да се претстави и Apple Watch SE 2, како и новиот робустен часовник.