Volkswagen очекува продолжување на недостатокот на чипови и 2022

Објавено на 09.12.2021 во Новости



Volkswagen очекува продолжување на недостатокот на чипови и 2022

Ако нарачате нов автомобил во денешно време, веројатно ќе мора да чекате една година, зависно од брендот и моделот. Веќе пишувавме поради која причина е ова, недостатокот на чипови. 

Автомобилите во денешно време се претворија во роботи на тркала, како што вели Илон Маск. Тие користат се повеќе чипови и сензори, па така компаниите мора некако да се снаоѓаат, затоа што побарувачката е се поголема, а понудата помала. Од Volkswagen велат дека прават се што е во нивна моќ со цел да го намалат ефектот на структурален недостаток на чипови за производство и активно работат со производство на чипови и добавувачите со цел да го ублажат недостатокот.

Автор: Aleksandar Stankov