Xiaomi официјално отворен со своја продавница во Скопје

Објавено на 09.12.2021 во Новости



Xiaomi официјално отворен со своја продавница во Скопје

Денес Xiaomi официјално ја претстави својата нова продавница во ГТЦ, Скопје и во оваа пригода ги презентираше сите свои смарт продукти, како и визијата на компанијата и посветеноста кон корисниците и своите љубители.

„Со еднаков акцент на иновациите и квалитетот, континуирано целиме кон висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Неуморно градиме врвни производи со реални цени, за да им овозможиме на сите во светот да уживаат во подобар живот преку користење на иновативна технологија“, велат од Xiaomi.

Xiaomi е основан во април 2010 година, кој на пазарот нуди електроника за широка потрошувачка, смартфони, различни смарт продукти платформа за Интернет на нештата (IoT).