Apple Watch сега може да се користи и за отклучување на хотелски соби

Објавено на 10.12.2021 во Новости



Apple Watch сега може да се користи и за отклучување на хотелски соби

Смартфоните и носечките уреди веќе ги заменија нашите банкарски картички, картите за кино и авионските карти, а може да се користат и како автомобилски клучеви. Apple Watch сега доби уште една опција за оние што многу патуваат. Во паричникот на Apple на вашите смарт часовници и телефоните сега може да се додаде и клуч за хотелски соби, но со Apple Watch ќе може да се отвараат само собите на хотелскиот синџир Hyatt

Соработката засега е договорена за шест хотели, а дополнително треба да се прошири и кај други хотели на Hyatt. Принципот на функционирање е поставување на клуч во паричникот, т.е. после резервацијата добивате дигитален клуч, кој треба да се вметне во Apple Wallet, а за неговата активација треба да се јавите на рецепција кога влегувате во хотелот. Потоа Apple Watch го користите и како класичен клуч, однсоно картичка за влез во својата хотелска соба. Дигиталниот клуч има и Express Mode опција, што значи дека за него мора прво да го потврдите идентитетот преку FaceID или Touch ID.





Прочитајте повеќе: