Oppo го најави својот прв преклопен смартфон

Објавено на 10.12.2021 во Новости



Oppo го најави својот прв преклопен смартфон

Следната недела Oppo ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот на преклопни смартфони, на кој што моментално доминира Samsung. Пит Лау, еден од лидерите на Oppo, го објави моделот Find N на својот блог, а на Twitter е објавен и краток видео запис на телефонот. Официјалното излегување на новиот модел е најавено за 15 декември.

Лау признава дека другите компании ги надминале со своите преклопни смартфони, но нагласува дека не сакале да се брзаат со трендовите, затоа што преклопната технологија е чувствителна, а компанијата сакала да произведе издржлив смартфон. Развојот на Find N траел четири години, кој ќе биде сличен на Samsung Galaxy Fold, според видеото објавено на интернет. Спецификациите се уште остануваат непознати, останете со нас за најновите детали.