Системот на MINECRAFT падна, а хакерите злоупотребуваат ситуација

Објавено на 11.12.2021 во Игри



Системот на MINECRAFT падна, а хакерите злоупотребуваат ситуација

Во петокот наутро, 12 часа после откривањето на голем дефект, хакерите развиле и имплементирале алатки за залоупотреба на компјутерска грешката во системот на Minecraft, изјавил Адам Мејерс, потпретседател за разузнавање во сајбер компанијата Crowdstrike

„Интернетот моментално гори“, вели Мејерс.

Ова е една од најголемите закани за безбедноста на личните податоци, откриена во последните неколку години на компјутер. Пропустот е лоциран во програма што е секаде присутна кај cloud серверите и деловниот софтвер што се користи во индустријата и администрацијата во САД. Доколку наскоро не се отстрани пропустот, многу вредни лични податоци ќе бидат украдени.