Италијанскиот хуманоиден робот iRonCub може да лета како Iron Man

Објавено на 11.12.2021 во Новости



Италијанскиот хуманоиден робот iRonCub може да лета како Iron Man

Технолошкиот институт во Италија го креираше синтетичкиот робот iRonCub, со цел да може да лета како Iron Man на филмовите. Целта е да се развие хуманоиден робот што ќе лета еден ден, за да може да биде спасител во различни природни катастрофи, во кои што годишно страдаат по 90 илјади луѓе.

Хуманоидните роботи се во предност над езотеричните конструкции и беспилотните летала, затоа што лесно може да манипулираат со светот што е дизајниран за човечка употреба.