Игрите за Android пристигнуваат и на компјутери со Windows

Објавено на 12.12.2021 во Android



Игрите за Android пристигнуваат и на компјутери со Windows

Google за следната година спрема верзија на апликации Google Play Games за компјутери што работат на оперативниот систем Windows, кои ќе овозможат уживање во игрите наменети за Android и на компјутери. Треба да се нагласи дека при развој на апликациите, Google не соработува со Microsoft, па така тоа ќе биде нивната одделна апликација што нема да има некоја посебна интеграција со оперативниот систем на Microsoft.

Play Games ќе може да се инсталира на персонални компјутери и лаптопи и нема да да може да се стримаат. Од Google велат дека апликацијата ќе биде со поддршка за Windows 10 и сите понови верзии. Не само што ќе може да се играат игри, преку апликацијата ќе може да продолжите да ги играте веќе започнатите игри од други игри.