Дали социјалните мрежи се штетни за тинејџерите или не?

Објавено на 14.12.2021 во Новости



Дали социјалните мрежи се штетни за тинејџерите или не?

Се уште нема одговор дали социјалните мрежи се штетни за тинејџерите. И покрај многубројни истражувања, сепак не е познато дали младите се развиваат или уназадуваат од социјалните мрежи. Искрено, наше мислење е дека секој од младите луѓе различно ги прифаќа бенефитите на социјалните мрежи, односно, некои и не ги прифаќаат.

Социјалните мрежи нудат музика, поучни постови, дискусија, телевизија, игри и друго. Зависно од типот на човекот, секој се пронаоѓа на различно место или пак само губи време. Тука игра голема улога како родителот се поставува и како го насочува детето со неговото воспитување. Мора да се расчисти со детето да знае дека социјалните мрежи се одлични за дискусија и познанства, но за губење време воопшто не се добри, во смисла на тоа што ќе наидете на секакви дискусии, кои најчесто може да не бидат продуктивни, или негативни.

Автор: Aleksandar Stankov