Илон Маск одбран за личност на 2021 година - Зошто?

Објавено на 14.12.2021 во Новости



Илон Маск одбран за личност на 2021 година - Зошто?

Најбогатиот човек на светот, шефот на Tesla и SpaceX, е прогласен за личност на годината според изборот на американското списание Time. Маск ја наследи титулата од американскиот претседател Џо Бајден и американската потпретседателка Камала Харис.

Илон Маск е човекот што сака да ја спаси нашата планета, а неговите карактеристики се следните: кловн, генијалец, без мерки, визионер, индустријалец и шоумен - луда мешавина меѓу Томас Едисон, П.Т. Барнум. Ендру Карнеги и доктор Менхетен Вачмен, човекот што ги креираше електричните автомобили и се сели на Марс, пишува во описот на ексцентричниот мултимилијардер на Time.