Samsung Galaxy Tab S8 пристигнува во 3 верзии со LCD и OLED екран

Објавено на 14.12.2021 во Новости



Samsung Galaxy Tab S8 пристигнува во 3 верзии со LCD и OLED екран

Samsung Galaxy Tab S7 е еден од најпопуларните таблети и еден од најголемите конкуренти на iPad на пазарот. Јужнокорејската компанија сега го спрема наследникот на овој уред, чие претставување го очекуваме следниот месец, а на мрежата протекоа некои детали за следниот Galaxy Tab S8.

Galaxy Tab S8 ќе го има во три верзии: 11-инчен таблет и фреквенција од 120Hz, Tab S8 Plus со 12,4-инчен екран и 120Hz, обичниот модел ќе биде со LCD екран, Plus ќе биде со OLED екран, Galaxy Tab S8 Ultra ќе биде со 14,6 инчен OLED екран со 120Hz. Сите три верзии ќе бидат со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1, кој е со најнапредна 5G мобилна платформа.