Samsung Galaxy Tab S8+ потврден дека е со Snapdragon 8 Gen 1 и 8GB RAM
Објавено на 16.12.2021 во Android
Наскоро излегува Galaxy Tab S8 серијата, која што е противник на iPad Pro моделите. Во меѓувреме се објавуваат информации од анонимни извори и се дознава за Galaxy Tab S8+ од Geekbench, дека ќе биде со Snapdragon 8 Gen 1 процесор и 8GB RAM меморија.
12.4-инчениот таблет со 120Hz AMOLED екран, го има најновиот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 чип, кој е изработен со 4нм процес на производство, што значи дека ќе биде поефикасен и побрз во споредба со постарите генерации. Galaxy Tab S8+ доаѓа со Android 12 софтвер и OneUI интерфејс, 128GB внатрешна меморија. Батеријата има капацитет од 10,090mAh, а ќе го има достапен со 5G мрежа и само WiFi-варијанта.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.