Apple има план како да привлече милион корисници од Android

Објавено на 16.12.2021 во iOs



Apple има план како да привлече милион корисници од Android

iPhone е редовно на списокот на најпопуларни и најпродавани телефони, но цената е единствената пречка за доминација на пазарот. Нивните телефони, квалитетот и цената, спаѓаат во премиум категорија, но со моделите од SE серијата направија чекор напред кон средната класа на уреди.

Досега се претставени два такви модела, а следната година очекуваме и трет поевтин iPhone. Со претстојната iPhone 14 серија и следниот iPhone SE модел, Apple би можел да привлече голем број на Android корисници. 400-500 долари ќе биде новиот SE модел, кој со својата цена сигурно ќе привлече милиони корисници на Android, кои сакаат iPhone, но топ моделите им се прескапи.