Samsung на CES 2022 ќе претстави нови QLED TV, Galaxy S21 FE 5G и таблети

Објавено на 17.12.2021 во Новости



Samsung на CES 2022 ќе претстави нови QLED TV, Galaxy S21 FE 5G и таблети

CES (Consumer Electronics Show) беше одржуван и во последните две години и покрај пандемијата, но онлајн. Следната година настанот конечно се враќа на старо, а технолошките ентузијасти повторно ќе се сретнат едни со други.

Samsung најави дека ќе присуствува на CES настанот, кој најави свое излагање со мотото “Together For Tomorrow.” Samsung тврди дека нивните новитети „ќе ни демонстрираат нови начини, со кои што ќе може да се изгради поодржлива планета и да покажеме приспособени и поврзани искуства, кои што може да ги подобрат животите на луѓето“. 

Samsung веројатно ќе го лансира Galaxy S21 FE 5G, за кого претходно се зборуваше дека излегува на почетокот на јануари. Ценовно прифатливите Galaxy таблети и некои уреди за домашна употреба се очекуваат исто така. На CES сигурно ќе имаме нови модели на телевизори од новата серија на QLED, OLED, Mini-LED, и Micro-LED.