Големината на следните преклопни смартфони на Xiaomi и Vivo

Објавено на 18.12.2021 во Новости



Големината на следните преклопни смартфони на Xiaomi и Vivo

Благодарение на аналитичарот Ross Young, откриено е дека Xiaomi и Vivo ги лансираат првите преклопни смартфони во 2022 година, со информации за нивната големина. Xiaomi се очекува да биде со 8.1-инчен дисплеј, додека Vivo ќе биде со 8.03-инчен екран.

Ова ќе биде првиот уред на Vivo во преклопна форма. Со оглед на тоа што е сестринска компанија на Oppo, најверојатно ќе биде инспириран од Find N. Преклопниот смартфон на Vivo се очекува да се адаптира на западниот пазар во споредба со Oppo, кој ќе биде наменет за продажба само во Кина. 

Автор: Aleksandar Stankov