Шок за корисниците на iPhone: Израелски NSO малвер прави што сака со уредите

Објавено на 18.12.2021 во Новости



Шок за корисниците на iPhone: Израелски NSO малвер прави што сака со уредите

Неверојатно софистициран малвер развиен од израелската компанија NSO Group функционира така што создава посебен компјутер во меморијата на iPhone, кој што овозможува кибернетски да влезат напаѓачите во уредот на корисникот и да ги крадат неговите лични податоци.

NSO Group го развил малверот за хакирање на iPhone со креирање на „компјутер во компјутерот“, откриваат експертите во Google. Малверот е дел од софтверската алатка Pegasus, за кого се верува дека е продаден на другите држави, меѓу останатите и во Азербејџан, Бахреин, Саудиска Арабија, Индија и Соединетите Арапски Емирати. Затоа САД повикува сега да се санкционира NSO Group.