Among Us во ново руво: Доаѓа VR верзијата на популарната игра

Објавено на 19.12.2021 во Игри



Among Us во ново руво: Доаѓа VR верзијата на популарната игра

Among Us е претставена уште од 2018 година, дури во 2020 година играта ја доживеа својата популарност. Според податоците на Nielsen, во декември 2020 година, речиси 500 милиони луѓе на своите мобилни уреди ја играле Among Us, што се невероатни и рекордни цифри.

На The Game Awards неделава беше најавена и новата верзија на играта Among Us VR, во која што членовите на екипата може да побараат влез и во виртуелна реалност. Тоа ќе биде посебна игра која што сама по себе нема да се разликува премногу од оригиналната, но виртуелна реалност и ќе донесе нова перспектива и ново искуство на играње. Погледнете како ќе изгледа играта во VR верзија на видеото одозгора.