Samsung Galaxy S22 Ultra: Главната камера ќе фаќа макро кадри

Објавено на 20.12.2021 во Новости



Samsung Galaxy S22 Ultra: Главната камера ќе фаќа макро кадри

Galaxy S22 Ultra би можел да ја има истата резолуција како претходникот, но сепак да биде најдобрата смартфон камера досега. Наводно доаѓа со четворна задна камера со главен сензор од 108MP, со подобрен HM3 сензор, со ултра широк сензор од 12MP и два нови Sony телефото сензори, 10MP 10x перископски сензор и 10MP 3x модул.

Новиот HM3 сензор ќе ги подобри перформансите на сензорот од 108MP, кој досега не се покажа до максимум со ISOCELL HM1. Корејските медиуми шпекулираат дека Galaxy S22 Ultra ќе има макро режим како алатка, со цел да може да фотографирате детални фотографии од близу. Алатката ќе се нарекува наводно 'Detail enhancer' и ќе биде достапна за главната камера.