Првата СМС порака во светот се продава на аукција како NFT

Објавено на 20.12.2021 во Новости



Првата СМС порака во светот се продава на аукција како NFT

На аукција се продава првата СМС порака во светот, но во облик на NFT токен, кој во превод значи незаменлив токен. Првата СМС порака била испратена во 1992 година, во која што се честита Божиќ.

Купувачот на уникатниот NFT токен ја добива единствената реплика на оригиналниот протокол за комуникација. Аукцијата била креирана со како дел од хуманитарната онлајн аукција, организирана од француската аукциска куќа Aguttes, а Vodafone ги донира парите за помош на раселените лица во Обединетите нации. Инаку, првата СМС порака била со натпис „Среќен Божиќ“ и била испратена на 3 декември 1992 година, а била примена од Ричард Џарвис, тогашен вработен во компанијата.