Протекоа уште информации за претстојниот предводник на Xiaomi

Објавено на 21.12.2021 во Новости



Протекоа уште информации за претстојниот предводник на Xiaomi

Претходно пишувавме дека следниот c пристигнува со најновата генерација на процесор на Qualcomm - Snapdragon 8 Gen 1, кој ќе биде кај повеќето нови смартфони во 2022 година. Веќе имаме и рендери и слики и информации за големината на дисплејот.

@OnLeaks објави дека Xiaomi 12 ќе има помал екран од Mi 11 - 6,2 инчи, во споредба со 6,81 инчи. Екранот ќе биде закривен со QHD+ резолуција,а во средишниот горен дел се наоѓа дупка во која што е сместена камерата за снимање на селфи.

Од задната страна се наоѓаат три камери, за нив нема многу детали, но гласините спомнуваат дека резолуцијата на главната камера би можела да изнесува 50MP. Батеријата ќе биде 5000 mAh и поддршката за брзо полнење USB-C - дури до 100W.

Автор: Aleksandar Stankov