СМС пораката како NFT е продадена за неверојатни 107.000 евра

Објавено на 22.12.2021 во Новости



СМС пораката како NFT е продадена за неверојатни 107.000 евра

Претходно пишувавме дека првата СМС порака во светот се продава во форма на незаменлив токен NFT, на аукција. Токенот е продаден во Париз за вртоглави 107.000 евра. СМС пораката за прв пат е испратена на 3 декември 1992 година, која беше понудена на аукција од страна на британската телекомуникациска компанија Vodafone како таканаречен NFT.

Во пораката се честита Божиќ. Пораката е испратена од инженерот на Vodafone, Нил Пепворт, од компјутер до менаџер во Велика Британија, кој што ја примил на неговиот телефон Orbitel, тежок два килограми. Купувачот фактички купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР.