Првиот човек на Intel: 2022 ќе имаме големи проблеми со недостаток на чипови

Објавено на 22.12.2021 во Новости



Првиот човек на Intel: 2022 ќе имаме големи проблеми со недостаток на чипови

Intel вложува милијарди долари во нови производни капацитети и фабрики за чипови, што многу ќе помогне на пазарот на кој што владее недостаток. Плановите вклучуваат инвестиции од дури 80 милијарди долари во Европа, нова фабрика во Малезија, како и отварање на две фабрики во Аризона за три години.

Ефектот од овие инвестиции на пазарот на чипови ќе биде долгорочен, но нема да ги реши актуелните глобални проблеми со недостаток на чипови, што погодила многу индустрии досега. Кризата не се знае до кога ќе трае.

Извршниот директор на Intel, Пет Гелсингер, смета дека недостатокот ќе продолжи во текот на цела година, а како причина зошто би можела ситуацијата да се одложи е појавата на нови и заразни варијанти на коронавирусот омикрон, како и геополитичките тензии. Закрепнување се очекува во текот на 2023 година.