Honor наскоро ќе го претстави Magic V со флексибилен екран

Објавено на 23.12.2021 во Новости



Honor наскоро ќе го претстави Magic V со флексибилен екран

Samsung доминира моментално на пазарот на преклопни смартфони, иако конкуренцијата станува се посилна. Наскоро излегува новиот преклопен смартфон и од Honor. Според објавата на Twitter, нивниот преклопен смартфон ќе се нарекува Honor Magic V

Сликата со најава сугерира дека неговиот дизајн ќе биде сличен како спомнатиот Fold и Oppo Find. Уредот ќе го користи надворешниот дисплеј како класичен смартфон, но ќе може да се отвори и така ќе го претворите во таблет. Во најавата фактички се најавува “foldable flagship”, што значи дека Honor спрема преклопен смартфон со топ перформанси. Надворешниот екран би требало да биде 6,45-инчи, а кога ќе се отвори ќе биде 8,03 инчи. Под хауба ќе биде со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1.