Samsung би можел прв да се преориентира кон нов оперативен систем

Објавено на 24.12.2021 во Android



Samsung би можел прв да се преориентира кон нов оперативен систем

Android е најпопуларниот оперативен систем за смартфони, кого го користат сите брендови освен iPhone, кој го има iOS. На Android работат сите Samsung смартфони, но јужнокорејската компанија, која што е доминантна на пазарот на смартфони би можела да го тргне оперативниот систем на Google од употреба.

Се разбира, ова не се официјални информации на компанијата, туку така се шпекулира. Google и така планира да го пензионира Android на долгорочен план и да го понуди новото подобро решение - Fuchsia OS. Google го развива новиот оперативен систем веќе неколку години, а партнерот со кого соработува е Samsung. Поради таа соработка Samsung ќе има приоритет при преминувањето од Android на Fuchsia.