Realme го најави својот прв премиум смартфон, пристигнува во 2022

Објавено на 24.12.2021 во Новости



Realme го најави својот прв премиум смартфон, пристигнува во 2022

Realme досега беше со ниската и средната класа, но сега со новиот модел започнува и во премиум категоријата на смартфони. Realme GT 2 Pro е првиот премиум уред кој излегува на 4 јануари 2022 година, и ќе биде со најновиот процесор Snapdragon 8 Gen 1, ќе има 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран и ќе биде со верзии 8/12GB RAM меморија и 128GB/256GB/512GB, па дури и 1TB простор за меморирање на податоци. 

Од задната страна ќе има три камери, две со резолуција од 50MP (класична и ултраширока) и 2MP камера што се користи за макро фотографирање или како сензор за длабочина. Од предната страна има 32MP камера, капацитетот на батеријата изнесува 5000mAh, а се спомнува и полнење со 125W, што значи дека батеријата ќе се полни многу брзо.