Huawei официјално го претстави новиот P50 Pocket преклопен смартфон

Објавено на 25.12.2021 во Новости



Huawei официјално го претстави новиот P50 Pocket преклопен смартфон

Huawei го претстави новиот модел на преклопен смартфон P50 Pocket, кој се издвојува од сите по неговиот 1–инчен кружен екран сместен од задната страна на уредот, веднаш под камерата, каде што се прикажуваат известувањата и виџетите. 

Екранот изгледа супер атрактивно и може да се користи и кога телефонот е преклопен, дури и кога снимате селфи со задните камери. Кога е отворен телефонот, екранот изнесува 6,9 инчи и фреквенција од 120Hz. Huawei P50 Pocket тежи 190 грами и тенок е 7,2мм кога е отврен. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 888 процесор и Huawei Harmony OS 2 оперативен систем. 

Батеријата изнесува 4000mAh, а нема и 5G поддршка, што е задолжителна опција со сите помоќни модели на смартфони, а се почесто е достапна и на уредите со средна и пониска категорија. Од задната страна на телефонот има три камери: главниот сензор со 40MP, широкоаголна леќа од 13MP и 32MP сензор за слики со поголем распон на бои. 

Достапна е камера од предната страна на екранот, која е поставена во дупката на екранот, но од Huawei сепак препорачуваат користење на главната камера за снимање селфи. Huawei P50 Pocket ќе биде достапен само на кинескиот пазар за почеток. со цена од околу 1400 долари за моделот со 8/256GB меморија, или 1700 долари за моделот со 12GB/512GB меморија.