Прв поглед на Tiramisu, новата верзија на Android

Објавено на 25.12.2021 во Android



Прв поглед на Tiramisu, новата верзија на Android

Додека Android 12 да стане достапен на сите мобилни верзии, Google веќе работи и на новата верзија што ќе биде претставена следната година. За Android 13 официјално нема никакви информации, но почна да се објавува што би можело да има новиот Android Tiramisu.

Новитет ќе има во сегментот на известувањата, наместо автоматски да бидат достапни, при секое активирање на апликациите, на корисниците ќе им излегува прозорец на кој што треба да одбележат сами дали ќе дозволат на апликациите да се следи локацијата, пристапот кон камерата и слично. Моментално оваа опција на Android е автоматски активна и мора рачно да се активираат.

Јазикот на апликациите отсега ќе може да се подеси посебно на секоја апликација. Ако јазикот на Android е македонски јазик, на пример, апликацијата Chrome и социјалните мрежи може да бидат на англиски. 

Се разбира, новиот Android поефикасно ќе ја троши батеријата кога процентот на ќе падне на пониско ниво. 

Автор: Aleksandar Stankov