Македонската Еспорт организација, организираше хуманитарни игри во турнири

Објавено на 26.12.2021 во Игри



Македонската Еспорт организација, организираше хуманитарни игри во турнири

Цел овој викенд, почнувајќи од петокот 24 декември, па се до 28 декември, Македонската Еспорт Организација организира натпреварувања во три игри за хуманитарни цели. League of Legends е една од напопуларните игри кај младите луѓе, која веќе се играше 1 против 1 во петокот на 24 декември, Dota 2 со натпревар на 1 против 1 вчера на 25 декември и недела на 26 декември.

Сите натпревари ќе се одвиваат онлајн со мотото #HelpTheOthers, со цел да им се помогне на оние што им треба персонален компјутер за онлајн предавања и учење, или пак за работа. За приказната да биде уште поуспешна, настанот со хуманитарни цели е во соработка со Донирај Компјутер и европеецот на годината, Борче Стаменов. Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите се пренесува во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, на овој линк.