Јапонец креирал телевизор што се лиже, за да го вкусите она што се емитува

Објавено на 27.12.2021 во Новости



Јапонец креирал телевизор што се лиже, за да го вкусите она што се емитува

Професорот Хомеи Мијашита од Универзитетот Меиџи, Јапонија, креирал прототип на телевизор, со екран што ви дозволува да го лижете со цел да ги почувствувате вкусовите на храната. „Вкуси го телевизорот“ е уред со 10 канистри, кои што го прскаат вкусот на „хигиенски филм“, а се одмотува преку екранот и така корисникот може да го лиже.

Професорот предлага дека телевизорот може да го употребуваат готвачи и сомелиери за онлајн обука, што значи дека е сигурен во својот продукт. „Целта е да им се овозможи на луѓето да доживеат нешто како ручек во ресторан на другиот крај на светот, дури и кога се дома“, објаснува Мијашита. Потенцијалната цена на телевизорот за лижење би можела да биде околу 875 долари.