Внимание: Клонови на стриминг апликации од Galaxy Store се полни со малвер

Објавено на 28.12.2021 во Android



Внимание: Клонови на стриминг апликации од Galaxy Store се полни со малвер

Продавницата за апликации на Galaxy Store, доаѓа прединсталирана на смартфоните на Samsung. Објавено е дека во продавницата има злонамерни стриминг апликации за гледање филмови, открива Android Police.

Неколку клонови сега се веќе нефункционални стриминг апликации како што е на пример Showbox. Истите се наоѓаат во Galaxy Store и би можеле потенцијално да бидат опасни за корисниците. Експерт за мобилната безбедност под псевдонимот linuxct тврди дека истите тие апликации сами по себе не нанесуваат штета, но имаат технологија што им дозволува преземање на малвер и негово покренување на мобилните уреди.