Познато е речиси се за Samsung Galaxy S21 FE, вклучувајќи ја и цената

Објавено на 28.12.2021 во Новости



Познато е речиси се за Samsung Galaxy S21 FE, вклучувајќи ја и цената

Со оглед на тоа што многу брендови го откажаа своето физичко присуство, прашање е дали CES ќе се одржи во живо, иако Samsung е една од компаниите што сака да се претстави во живо. Јужнокорејската компанија планира да го претстави Galaxy S21 FE

За овој телефон знаеме дека ќе има Super AMOLED екран со дијагонала од 6,41 инчи со Full HD+ резолуција и фреквенција од 120Hz. Под хауба ќе има Snapdragon 888 5G процесор и ќе биде достапен со 6/8GB RAM + 128/256GB ROM меморија, со батерија од 4500mAh, а телефонот поддржува и 25W брзо полнење.

Системот на камери вклучува три сензори од задната страна, главниот сензор од 32MP со поддршка за снимање на 4K видеа и дополнителни сензори од 8MP и 12MP. Galaxy S21 FE со меморија 6GB + 128GB ќе биде 700 долари, верзијата со 8/128GB - 749 долари, и 799 долари за верзијата со 8/256GB.

Автор: Aleksandar Stankov