Microsoft патентирал телефон со три екрани

Објавено на 29.12.2021 во Новости



Microsoft патентирал телефон со три екрани

Microsoft на некое време се повлече од пазарот на смартфони, но сепак се врати со Surface Duo. Екипата од Microsoft сега размислува за телефон со дури три екрани, а тоа го открива патентот што го пријавиле.

Екраните не се флексибилни, туку се поврзани со механизам, а благодарение на третиот екран, бил решен големиот проблем на Surface Duo - недостатокот на надворешен екран. Surface Trio според патентот би требало да добие дополнителен екран што може да се користи како надворешен екран, а кога телефонот ќе се отвори, овозможува поголема вкупна површина на екранот.