Xiaomi ја претстави новата генерација на своите врвни смартфони

Објавено на 30.12.2021 во Новости



Xiaomi ја претстави новата генерација на своите врвни смартфони

Xiaomi го претстави моделот Xiaomi 12 со 6,28 инчен Full HD+ екран со 120Hz и скенер за отпечатоци на прсти вграден во екранот. Батеријата изнесува 4500 mAh со 67W брзо полнење и 50W безжично полнење или 10W реверзибилно полнење. Има задна тројна камера со резолуција од 50MP + 13MP + 5MP.

Xiaomi 12 Pro има 6,73 инчен екран со резолуција од 1440p и фреквенција на освежување од 120Hz. Двата модела имаат Snapdragon 8 Gen 1 процесор, а Pro има батерија од 4600 mAh, поддршка за брзо полнење од 120W и 50W безжично полнење. Тројната задна камера изнесува 50MP + 13MP + 5MP.

Xiaomi 12 на кинески пазар чини 580 долари за моделот со меморија 8/128, и 690 долари за моделот со 12/256 меморија. Цената на Pro моделот е 735 долари за 8/128GB меморија или 850 долари за 12/256 меморијата.

Xiaomi 12X е најслабиот и најевтиниот со Snapdragon 870 процесор, 6,28-инчен екран со 120Hz, тројна задна камера со главен сензор од 50MP , 4500 mAh батерија и 67W полнење, без можност за безжично полнење. Почетната цена за 8/128 GB верзијата изнесува 500 долари.