Алекса потенцијално можела да предизвикала пожар со 10-годишно девојче

Објавено на 30.12.2021 во Новости



Алекса потенцијално можела да предизвикала пожар со 10-годишно девојче

Амазон веднаш ја ажурирал својата гласовна асистентка Алекса, откако таа претходно му предложила на 10-годишно девојче да допре приклучок за електрична енергија со монета. Инаку, претходно овој предизвик се појавил на ТикТок, па така Алекса ги црпела овие информации од таму.

„Приклучете го полначот за телефон на половина во ѕиден штекер, а потоа допрете монета на откриените делови“, предложил смарт асистентката, но девојчето знаело дека ќе предизвика пожар и штета, па затоа ништо не направило и за тоа ја известило својата мајка, која го напишала случајот на Твитер. „Штом дознавме за оваа грешка, веднаш преземавме акција за да ја поправиме“, велат од Амазон.