Apple нуди бонуси од 180 илјади долари за вработените да не одат да работат за Цукерберг

Објавено на 31.12.2021 во Новости



Apple нуди бонуси од 180 илјади долари за вработените да не одат да работат за Цукерберг

Работата во Apple за многу инженери е исполнувањето на сонот. Меѓутоа, секогаш вработените сакаат промени, па затоа Apple одлучил да понуди бонуси на вработените за да не одат во конкурентските компании. Дел од софтверските инженери се известени дека ќе им бидат исплатени бонуси во висина од 50 до 180 илјади долари.

Се разбира, бонусот ќе го добијат во облик на акции, но сите акции ќе може да ги реализираат дури после четири години. Вработените што ќе го добијат ветениот бонус, ќе мораат во следните четири години да останат во компанијата. Имало и инженери на кои не им биле понудени бонуси, па затоа сега се незадоволни. Причината за оваа реакција на Apple е што Metaverse сега привлекува голем број на вработени од Apple, при што во последните неколку месеци има одлив од стотици инженери на Apple во Meta





Прочитајте повеќе: