Суперкомпјутер во Јапонија по грешка избришал 77TB податоци

Објавено на 03.01.2022 во Новости



Суперкомпјутер во Јапонија по грешка избришал 77TB податоци

Во светот има само околу 10 суперкомпјутери, од кои повеќето се користат во научни цели, за комплицирани изработки и моделирање. Еден таков суперкомпјутер се наоѓа во Универзитетот Кјото во Јапонија. Но, стотици истражувачи што го користеле компјутерот за свои научни истражувања, немаат пофални зборови за него.

Неочекувана грешка во работата е откриена, поради што суперкомпјутерот кон средината на декември, избришал милиони документи. Не е потврдено се уште официјално, но проценето е дека се работи за околу 34 милиони документи, што вкупно тежеле околу 77TB.