Samsung телевизорите доаѓаат со NFT поддршка

Објавено на 04.01.2022 во Новости



Samsung телевизорите доаѓаат со NFT поддршка

Некои од трендовите што го одбележаа технолошкиот пазар минатата година го вклучуваат metaverse и NFT, а компаниите и дигиталните уметници веќе се обидуваат да ги заземат позициите на тие пазари, кои во иднина би можеле да вредат милијарди долари.

NFT не е само еден минлив тренд, а Samsung веќе ја најави новата генерација на смарт телевизори со поддршка за NFT. Телевизорите ќе имаат имплементирана платформа преку која што корисниците ќе може да имплементираат и купуваат дигитална уметност, но и да ги прикажуваат на големите екрани. Samsung тврди дека преку нивната платформа, креаторите ќе може да ги споделуваат своите уметности со светот, додека потенцијалните корисници преку купувањето на големиот екран ќе може да го прегледуваат тој NFT.

Автор: Aleksandar Stankov