Телескопот James Webb успешно го отвори сончевиот штит

Објавено на 05.01.2022 во Новости



Телескопот James Webb успешно го отвори сончевиот штит

Вселенскиот телескоп James Webb вчера целосно го намести својот петтослоен штит против сонцето со големина на тениски терен, што е еден од клучните чекори за успех на неговата мисија при проучувањето на сите фази на космичка историја, соопшти NASA.

Сите пет слоеви на штитот против сонцето се целосно отворени. Штитот има должина од 21 метар, во форма на змеј, кој делува како сончев бран, гарантирајќи дека инструментите на Webb ќе останат во сенка со цел да може да ги детектираат слабите инфрацрвени сигнали од оддалечените делови на вселената.