Togg е првиот турски електричен автомобил, претставен на CES 2022

Објавено на 08.01.2022 во Новости



Togg е првиот турски електричен автомобил, претставен на CES 2022

Првиот турски автомобил Togg беше претставен на CES 2022, во Лас Вегас, САД. Togg официјално објави дека концептот на првиот турски електричен автомобил стартува како самостоен глобален бренд со 100% интелектуална и индустриска сопственост на Турција.

„Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа и сме присутни на CES, местото на средба на најновите технолошки достигнувања и иновации. Ние сме технолошка компанија која работи во областа на мобилноста, основана на географското подрачје каде што се спојуваат Истокот и Западот. Во новиот свет, каде автомобилската индустрија забрзано се трансформира во екосистем на мобилноста, ние креираме решенија за мобилност ставајќи ги корисниците во фокусот на делувањето“, вели извршниот директор на Togg, Каракас.

Тестното производство на Togg автомобилот започнува во јули 2022 година, а првото SUV возило ќе биде лансирано на пазарот на почетокот на 2023 година. Инаку, првиот прототип на турскиот автомобил е претставен на 27 декември, 2019 година.