Зошто Apple ќе чека уште некое време додека да лансира преклопен iPhone

Објавено на 10.01.2022 во Новости



Зошто Apple ќе чека уште некое време додека да лансира преклопен iPhone

Ликстерот DylanDKT тврди дека Apple дефинитивно тестира неколку прототипови на преклопни смартфони, но тврди дека Apple сепак не е сигурен дали ќе биде одржлива побарувачката за преклопни смартфони. Без разлика од која причина Apple се уште не лансирал преклопен iOS уред, сепак тој уред е неколку години далеку од нас во иднината.

И покрај тоа што Samsung објави дека побарувачката за преклопни смартфони е зголемена за 400% во споредба со претходната година, Apple анализира дали преклопните смартфони ќе продолжат да егзистираат на пазарот на преклопни смартфони со голем удел или ќе паднат во бездна. Тоа значи дека се уште не е сигурен дали би имало доволно корисници на преклопни смартфони, кои ќе сакаат да трошат многу пари на овие уреди.