Apple смарт очилата нема да бидат наменети за Metaverse

Објавено на 10.01.2022 во Новости



Apple смарт очилата нема да бидат наменети за Metaverse

Откако Цукерберг најави промена на името на компанијата и се фокусирал на Metaverse, изгледа дека тоа стана еден од најпопуларните називи во технолошката индустрија. За пристап кон Metaverse се потребни специјални наменски уреди, т.е. смарт очила како оние што ги развива Meta, односно нивниот Oculus.

Apple исто така работи на смарт очила со години, но сепак ништо официјално не излегува. Наводно, Apple би требало да го претстави овој уред до крајот на 2022 година. Новите VR/AR очила ќе бидат наменети за играње игри, комуникација и конзумирање на содржини. Нивната цена би можела да биде околу 3000 долари.

Автор: Aleksandar Stankov