Фолксваген го прекинува производството на Пасат седан, за сметка на Артеон

Објавено на 11.01.2022 во Новости



Фолксваген го прекинува производството на Пасат седан, за сметка на Артеон

Фолксваген официјално го прекинува производството со класикот Пасат седан верзија, затоа што повеќе се троши караван верзијата и Артеон, кој има неверојатно футуристички дизајн во седан верзија.

Пасат се планира за „пензионирање“ уште од 2020 година, а ќе го нема на европскиот и американскиот пазар. Големите најави на моделот Фолксваген Аеро Б е исто така причина за стопирање на производството на Пасат седан, кој пак е целосно електрично возило во седан верзија, но се уште е во фаза на развој. Новиот Фолксваген Аеро Б ќе биде претставен кон крајот на 2022 или почетокот на 2023 година.