SoftPOS е апликација што го претвара вашиот смартфон во POS уред

Објавено на 11.01.2022 во Новости



SoftPOS е апликација што го претвара вашиот смартфон во POS уред

Повеќето банки во светот веќе ги користат предностите на NFC технологијата и ја вградува во банкарските картички што се издаваат за бесконтактно плаќање. Досега за таквото плаќање беше потребно да ја ставите картичката во POS терминалот.

Компанијата Worldline смислила нова апликација што смартфонот го претвара во POS уред. Потребно е да имате Android уред од најновата генерација (8.0 или понов), пристап кон интернет, овозможен NFC читач на уредот и да ја инсталирате апликацијата SoftPOS. Потоа смартфонот се однесува како било кој POS уред, дури и во моментот кога авторизацијата на купувањето е потребно да се одработи со помош на PIN.

Безбедноста за прифаќање на картичките и трансакциите се потврдени и сертифицирани од Mastercard и Visa. Како што истакнуваат во Worldline, тие сертификати гарантираат висока безбедност при секоја трансакција, а за сите корисници е достапна и релевантна корисничка поддршка. Ова решение е идеално за малите компании, токму поради својата едноставност за инсталација на мобилен и таблет, но и за сите оние што се постојано во движење, како што се доставувачите, како и за големите компании што наплаќаат преку Android, како што се на пример железничката во Полска или поштенската служба во Шпанија.