Honor официјално го претстави првиот преклопен смартфон Magic V

Објавено на 12.01.2022 во Новости



Honor официјално го претстави првиот преклопен смартфон Magic V

Кон крајот на минатата година од Honor го најавија претставувањето на првиот телефон со преклопен екран. Honor официјално го објави Honor Magic V, кој ќе биде достапен само во Кина за почеток. 

Од надворешната страна Magic V има 6,45-инчен екран со фреквенција од 120Hz. Магијата на овој телефон е сместена од внатрешната страна, кога уредот се отвара, Magic V се претвара во таблет со екран со дијагонала од 7,9 инчи и резолуција од 1984 x 2272 пиксели и фреквенција на освежување од 90Hz. Под хауба има Snapdragon 8 Gen 1 процесор, кој гарантира брзи перформанси и во игри, има 5G поддршка, а најмоќниот модел е опремен со 12GB RAM + 512GB ROM простор за лични податоци.

Капацитетот на батеријата изнесува 4750 mAh и има 4 камери, резолуцијата за сите три задни камери изнесува 50MP, додека од предните страни се наоѓа камера од 42MP. Од следната недела овој модел ќе биде достапен во Кина за 1390 евра за моделот со 12/256GB и 1530 евра за моделот со 12/512GB.