Sony го зголемува производството на PlayStation 4, поради недостаток на 5

Објавено на 13.01.2022 во Игри



Sony го зголемува производството на PlayStation 4, поради недостаток на 5

Sony PlayStation 5 е сонот на многу гејмери низ светот, но ретко кој може да ја има најновата конзола, затоа што побарувачката е поголема од понудата. Знак прашалник е кога ситуацијата ќе се стабилизира. Ако на корисниците не може да им се понуди доволен број на PlayStation 5, од Sony одлучиле да се зголеми производството на постарите генерации на PlayStation. 

Bloomberg тврди дека Sony планирал да го стопира производството на PlayStation 4, но поради новонастанатата ситуација, од тоа се откажале, така што планирале да продолжат со производството на четворката. PlayStation 5 применува нови чипови, кои се тешки за да се купат, додека PS 4 има постари чипови, кои се поедноставни за производство и лесни се да се најдат на пазарот. 

Автор: Aleksandar Stankov