Директор на швајцарската SEBA Bank е оптимистичен дека Bitcoin двојно ќе се зголеми

Објавено на 13.01.2022 во Новости



Директор на швајцарската SEBA Bank е оптимистичен дека Bitcoin двојно ќе се зголеми

Извршниот директор на швајцарската банка SEBA Bank, Гвидо Булер, влева надеж и оптимизам дека во 2022 година, Bitcoin повторно би можел да го собори рекордот во вредноста: „Веруваме дека цената ќе расте“, изјавил тој за CNBC.

Нивните интерни модели и предвидувања демонстрираат дека цената наскоро би можела двојно да порасне во споредба со она пред неколку дена, кога падна под 40 илјади долари. Според најоптимистичната пресметка, вредноста би можела да достигне дури 75 илјади долари. Моделот проценува вредност во доста поширок вредносен распон од 50 до 75 илјади долари. Предупредува дека волатилноста и понатаму би можела да остане висока.