Поднесена тужба против Meta тешка дури 3,1 милијарда долари

Објавено на 15.01.2022 во Новости



Поднесена тужба против Meta тешка дури 3,1 милијарда долари

Експертите за приватност често зборуваат за популарните сервиси што секојдневно ги користиме како што се Google и Facebook. Иако се тие во суштина бесплатни, сепак скапо ги плаќаме со тоа што им ги даваме нашите лични податоци, информации за нашите животи навики и друго. 

Токму поради тоа правничката Лиза Ловдал-Гормсен поднела тужба против Facebook, односно Meta на судот во Лондон, што би можело да ја чини оваа компанија дури 3,1 милијарда долари. Тужбата е поднесена во името на сите корисници на Facebook во Велика Британија. Обвинението гласи за периодот од 2015 до 2019 година, со што се злоупотребила доминантната позиција на пазарот и собирала податоци.

Автор: Aleksandar Stankov