Fortnite е повторно достапен за корисниците на iPhone

Објавено на 15.01.2022 во Игри



Fortnite е повторно достапен за корисниците на iPhone

Epic Games влезе во војна со Apple во периодот кога играта Fortnite стана најпопуларна, поради тоа што Fortnite беше исфрлен од продавницата за апликации за iPhone и iPad во август, 2020 година. Apple не дозволува преземање на апликациите без нинвиот App Store, што значи дека корисниците повеќе не можеа да го преземат Fortnite на iPhone, при што Google исто така го исфрли Fortnite од Android.

Оваа недела било најдено решение што овозможува на Appple телефоните повторно да заигра Fortnite без негово преземање на самиот телефон. Тоа ќе биде возможно благодарение на Nvidia и нивниот стриминг сервис GeForce Now. Како што најавуваат од компанијата, нивниот сервис GeForce Now ќе биде достапен за iOS и Android корисниците во бета верзија во ограничен период. Меѓутоа, кон играта ќе може да се пристапи од интернет прелистувачот Safari, додека на Android ќе биде достапна преку апликацијата.