Најпопуларниот YouTube-р заработил 54 милиони долари во 2021

Објавено на 16.01.2022 во Игри



Најпопуларниот YouTube-р заработил 54 милиони долари во 2021

Пред 10 години не постоеја youtube-рите и инфлуенсерите на Instagram или TikTok, но денес многумнина станаа милионери од таа професија. Порано амбициите беа сите да станат доктори, пожарникари или астронаути, но денес сакаат да бидат ѕвезди во дигиталниот свет за да прават пренкови, шеги или предизвици.

Forbes објави список со десет youtube-ри што најмногу заработиле во 2021 година. Првите десет на листата заработиле 300 милиони долари. Прв на списокот е 23-годишниот Џими Доналдсон, кој на YouTube е познат како MrBeast.

Благодарение на видео записите, вклучувајќи го и видеото во кое учествувале 456 лица што ја изиграле популарната игра Squid Game, тој минатата година заработил неверојатни 54 милиони долари, а неговите видео записи биле прегледани над 10 милијарди пати.