Wordle е едноставна игра со зборови, стана вирална сензација

Објавено на 16.01.2022 во Игри



Wordle е едноставна игра со зборови, стана вирална сензација

Во играта Wordle треба да погодите збор со пет букви на англиски, со максимално дозволени пет обиди. После секој обид, одредени букви ја менуваат бојата. Ако буквите останат сиви, тоа значи дека ги нема буквите во зборот. 

Буквите што се жолти, значи дека постојат во зборот, но се наоѓаат на друго место, а доколку станат зелени, значи дека буквата се наоѓа на своето место. Интересно е тоа што секој ден е достапен по еден збор што треба да го погодите. На Wordle нема да губите премногу време секој ден, затоа што постојано излегуваат нови зборови.